Со положување на цвеќе на споменикот на „Свети Кирил и Методиј“ денеска во Штип почна чествувањето на празникот на сесловенските просветители, богослужба се одржа и во цркавата „Свети Кирил и Методиј“ во населба Баби. Градоначлникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека наредната година црквата ќе биде осветена од страна на Брегалничката епархија.
-Место каде што се чествува овој праазник посветен на светите браќа. Овој храм којшто е во изградба заедно со црквониот одбор, се надевам дека догодина, ќе го осветиме заедно со Брегалничката епархија, затоа што годините кои изминуваат овде донаторски од страна на општествено одговорни граѓани, верници се собираа средства да се игзради овој храм, вели Јорданов.
Донаторската вечер која се одржа изминатиот период е всушност мотив за верниците за да се соберат средства, кој како што вели Јорданов ќе бидат доволни за изградба на храмот. Бројката на собраните средства се уште не се знае, но смета дека се доволни за да се доврши изградбата и истиот да се освети.
-Она кое што беше идеја е практично преку донаторска вечер да ги мотивираме верниците да се соберат средства со кои што се надевам дека ќе бидат доволни за завршување на овој свет храм. Не би можел да презицирам колку, но сметам дека се собраа доволно средства за догодина се заврши изградбата на храмот и се освети, вели Јорданов. Се очекува во текот на денот да дојдат што поголем број на верници и посетители и заеднички да го одбележат празникот.