Во Полициска станица Велес синоќа во 22 часот 19 годишниот А.Ѓ. од Велес пријавил дека додека бил со неговиот малолетен брат во Младинскиот парк во Велес, по кратка расправија биле физички нападнати од повеќе малолетници, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

Воедно појаснува дека за настанот бил известен Центарот за социјални работи Велес и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2024 04:11