Четири лица од струшкото село Делогожда со алат оштетиле старо минаре од џамијата во селото, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 16 часот во ОВР Струга било пријавено дека Н.К.(42), А.Ж.(20) и А.К.(20), со алат оштетиле старо минаре од џамијата во селото, предизвикувајќи општа опасност во пошироката околина.

Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2024 17:29