Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки.

Како што соопшти МВР, меѓу изречените мерки по шест се за возење без возачка дозвола и за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас и 34 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираме до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2024 13:14