Се гради затворениот базен во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

- Продолжува изградбата на затворениот базен кој е на локација на поранешна ЛаЛуна. Базенот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но и рекреативно ќе можат да го користат сите останати жители на кавадаречката општина, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Станува збор за капитален проект, инвестиција во висина од педесетина милиони денари.

- Проектот е финансиран од Агенцијата за млади и спорт, откако претходно Општината донесе детален урбанистички план за предметната локација и ги обезбеди сите услови за непречена изведба на лице место, појаснија од кабинетот на градоначалникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2024 14:04