Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) - Штип денеска организираше „Отворен и кариерен ден“ за сите заинтересирани идни студенти, кои имаат можност преку дебати и презентации да ја видат поврзаноста на високото образование со бизнис секторот. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека идните студентите можат да се информираат и за придобивките од можностите за идно вработување, начините на реализација на вработувањето, условите како и очекувањата во нивната идна кариера.
-Јас сум сигурен дека ова е начинот на кој ќе им овозможи на студентите и сегашните и идните студенти правилно да се насочат во професиите да изберат добри работодавачи. Работодавачите да изберат добри идни кадри и сигурен сум дека ова е една од оските, којашто уште повеќе ќе ја зацврстуваме во иднина. Бизнис секторот е се поприсутен, директно соработува со факултетите со универзитетот и навистина овозможува, има компании коишто даваат многи солидни стипндии и овозможуваат платена практична работа, изјави Мираковски.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов рече дека знаењето кое го добиваат студентите не треба да заврши во рамки на факултетите, туку истото да се пренесе и во реалниот сектор.
-Во рамки на институциите под локална самоуправа и во рамки на комуникацијата со реалниот сектор многу полесно ќе можат кога ќе завршат со процесот на образование да се прилагодат и да се снајдат на пазар на труд. Се на се морам да истакнам дека Штип е центар на пренос на знаење и посакувам тоа знаење да не заврши во рамки на факултетите туку и да се преточи во реалниот сектор, а тоа ке значи зголемување во економијата, рече Јорданов.
Додаде дека во иднина универзитетите треба да ја усогласат наставната програма спрема времето кое доаѓа.
Извршниот директор на Стопанска комора на Република Северна Македонија, Антони Пешев истакна дека на Македонија и е потребно прилагодување кон новите трендови како и кон новата индустриска револуција.
-Доминираат секторите каде се користи софистицирана опрема и мислам сегментите во кои ќе се бара високообразована работна сила не токму во сегментот на висока технологија. Она што е битно е да се знае дека на Македонија и претстои уште една промена а тоа е прилагодувањето на новите трендови, имаме нова индустриска револуција која е веќе дојдена. И мислам дека во тој правец заедно со универзитетите треба да направиме максимален напор, изјави Пешев.
Студентите од факултетите се задоволни од праксата во компаниите, која истовремено им овозможува да се запознаат со условите и начините на работа за вработување по завршувањето на факултетското образование.