Презентација на профили, нудење соодветно знаење и придобивки – штипските средни училишта денеска имаа Отворен ден за идните средношколци. Секое училиште ги презентираше смеровите и програмите со кои средношколците можеа да се запознаат. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека вложувањето во образованието придонесува за да се трасира вистинскиот пат на учениците.

-Да го изберат правиот пат во животот, да се стекнат со соодветно образование преку кое во иднина ќе генерираат развој и во општеството и во нашиот град. Убеден сум и сугурен сум дека преку вложувањето во образованието, преку преносот на знаење кој се одвива во средните училишта дека на вистински пат се трасира патот на нашите ученици со кои во иднина ќе се гордееме, вели Јорданов.

Соодветно образование, стручни смерови, дуални паралелки нудат средните училишта во Штип. Директорите на средните училишта во Штип велат целта е идните средношколци да се стекнат со соодветно и квалитетно образование, да ја работат професијата која ја посакуваат и да се изградат во вистински личности со што ќе придонесат и за развој на градот.

-Гимназијата „Славчо Стојменски“ е отворено и динамично училиште и нуди на идните средношколци да се здобијат со соодветно образование од сите области, вели Ристова.

На денешниот „Отворен ден“ од страна на наставниците и раководствата на училиштата беше порачано дека вратите на средните училишта во Штип се отворени, за сите оние кои сакаат да се запишат во некое од нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2024 04:32