МВР соопшти дека денеска полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода Ј.Ј.(22) и Д.Д.(47), двајцата од Скопје.

По претходно добиени оперативни сознанија и добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом во Скопје, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2024 05:08