Дваесет и седумгодишник од неготинско село, кој им се заканувал на родителите и предизвикал пожар, бил приведен во текот на вчерашниот ден, информираат денеска од СВР - Велес.

- Во 11.30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода М.А., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се заканувал на своите родители, по што предизвикал пожар, кој бил изгаснат од неговата мајка, појаснуваат од СВР - Велес.

Лицето било задржано во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи - Неготино. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2024 05:36