Повик за обезбедување финансиска помош за изработка на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти е распишан во рамките на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка на Шведска и Бирото за регионален развој.
Општините и центрите за развој на планските региони имаат можност да аплицираат на овој втор повик од Фондот за техничка документација и да добијат финансиска поддршка од 20.000 или 50.000 долари.
Барањата се поднесуваат онлајн преку платформата apliciraj.brr.gov.mk најдоцна до 10 јуни 2024 година. Сите детали за повикот се достапни на веб страницата на УНДП: https://www.undp.org/north-macedonia/news/vtor-povik-za-finansirane-tekhnichka-dokumentacija-za-infrastrukturni-proekti .
Фокусот на повикот, што го спроведуваат УНДП и Бирото за регионален развој, е ставен на проекти кои имаат потенцијал да го намалат загадувањето на воздухот од различни загадувачи. За таа цел, предложените проекти треба да вклучуваат мерки кои ќе ги намалат емисиите на загадувачки материи од некои од нивните клучни извори (на пр: сообраќај, системи за греење, цврст отпад) што се во надлежност на единиците на локалната самоуправа