Дваесет и тригодишен жител на Кичево баран со потерница е приведен синоќа и спроведен во затворот „Идризово“ за доиздржување на казната.

- На 28.05.2024 во 02.20 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го приведоа А.А.(23) од Кичево. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал казна затвор од две години и девет месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ и „кражба“, стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2024 23:47