Во Битола вчера е приведен 22-годишен битолчанец кој одзел пари од дневен промет од продажен објект.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е приведен 22-годишниот С.С. кој се сомничи дека во околу 20:30 часот во продажен објект на ул.„Апостол Здравески” со употреба на сила од вработената В.Б.(45) од Битола одзел пари од дневниот промет.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2024 23:57