Најдобри бизнис планови изработени од средношколци, се избрани во Кавадарци, согласно на јавниот повик што го организираше кавадаречката локална самоуправа и општинската комисија за еднакви можности.

- Првонаграден е бизнис планот на учениците Надица Гелова и Димитар Димитров со наслов,, aerO2" од СОУ,, Ќиро Спанџов Брко". Второнаграден е бизнис планот на Марјан Атанасов со бизнис план хотел за миленици,, Pet Palas" од ЗШУЦ ''Ѓорче Петров". Третонаграден е бизнис планот на Благица Чадамова со наслов ТД Илустративно сликовница ДОО од СОУ гимназијата,, Добри Даскалов", информираа организаторите.

Трите најдобри бизнис планови ќе добијат парични награди, за прва награда 12, за втората 9 и за третата, 6 илјади денари, како и дополнителна менторска поддршка од Агенцијата за вработување. Бизнис плановите ги оценуваше стручна комисија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2024 00:40