Центар за лица со попреченост се гради во Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

- Продолжува изградбата на Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост, што ќе располага со капацитет од 40 корисници. Вкупната проценета вредност на проектот е 40.856.910 денари. Целта е да им овозможиме подобар квалитет на живот на лицата со попреченост. Овој проект беше дел од изборната програма на градоначалникот Митко Јанчев. Со цел, Кавадарци да биде убаво место за живеење за сите, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму нагласија дека континуирано се работи на проекти важни за различни категории на граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2024 04:15