Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје известува за можноста за добивање Меѓународна парламентарна стипендија (ИПС) од германскиот Бундестаг за 2025 година.

-Млади дипломци кои се ангажирани, отворени, со интерес за политика и со волја активно и одговорно да учествуваат во демократската иднина на својата земја, добиваат можност во Германскиот Бундестаг преку теорија и пракса да го запознаат германскиот парламентарен систем. Програмата 2025 трае од 1 март 2025 до 31 јули 2025. Меѓу другото, предуслов за избор се одлични познавања на германскиот јазик и политика, општество и историја, објави Министерството за образование и наука.

Крајниот рок за пријавување е 31 јули 2024 до кога апликациите треба да се достават до Германската амбасада во Скопје по електонска пошта (info@skop.diplo.de), која го прави првиот избор. Избраните кандидати ќе бидат поканети во Амбасадата на интервју со Комисија од Бундестагот

Дополнителни информации за стипендијата ИПС се достапни на https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2598228 и www.bundestag.de/ips



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2024 16:24