Жителите на штипската улица „Пиринска“ денеска реагираа на изградба на дивоградби на паркинг просторот. Забележуваат дека земјиштето е државно, а изградбата на дивоградбите претставува проблем за нив. На посоченото место имало бараки. Но, како што вели Емил Наумов веднаш реагирале до општината, кога почнала изградбата на дивоградбите.
-Имаме проблеми со дивите градби, сега го узурпират и просторот кадешто луѓето се паркираат. Реагираат најмалку сто луѓе. Овие се од времен карактер објекти не може легализација на тоа, вели Наумов.
Жителите на штипската улица „Пиринска“ велат дека градењето започнало во петокот, а интензивно се градело во текот на викендот, кога надлежните институции не можеле да излезат на терен и да реагираат. Дополнително, узурпирана е и трофостаницата, па бараат под итно решавање на проблемот.
Од општината велат дека се информирани за проблемот, од утринава на терен се инспектори и градежна машина која ги урива почнатите градби.