Општина Илинден започна со изградба на уште една улица во населбата Јака, која е во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта на Општината.

Како што информираат од Општина Илинден, станува збор за улицата „109“ во должина од 430 метри а покрај изградбата и асфалтирањето оваа улица ќе добие и пешачка патека по речиси целата должина на улицата.

Градоначалникот Александар Георгиевски направил увид на почетокот од изградбата на улицата и информирал дека работните активности се одвиваат со предвидената динамика, а оваа улица е од огромно значење за жителите во овој дел на општина.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, од каде истакнуваат дека со реализацијата на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2024 01:07