Осум пожари на отворено се регистрирани изминатото деноноќие. Пожарникарите интервенирале на гаснење запалена ниска вегетација, ѓубришта, депонии, трње и нискостеблеста шума и прнар, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Со огнени јазици, пожарникари се справувале кај село Арачиново, тетовско Фалише, Раптани во велешкиот регион, покрај железничката линија Демир Капија - Гевгелија, крај патот - Прилеп кон Селце; кај работнички факултет „Пере Тошев“ на прилепска територија, кај валандовско Собри, како и во реон на гевгелиско Прдејци.
Вкупно 1.833 повици се евидентирани на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 за 24 часа.
- Од нив, „реални“ - 60,94 проценти, а 39,06 отсто за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 63,96 проценти, кон Итната медицинска помош - 27,92 отсто, кон пожарникарите - 3,25 проценти, а кон АМСМ - 0,32 отсто од реалните повици, појаснуваат од ЦУК