Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман го критикуваше теренот на стадионот во Франкфурт.
Германија вечер во Франкфурт ќе игра против Швајцарија. Германците во март на овој стадион одиграа пријателски натпревар со Холандија (2:1), кога играчите често се лизгаа.
За време на средбата меѓу Данска и Англија во четвртокот, играчите често се лизгаа и беа искинати парчиња трева.
-Не сакам никого да навредам, но тревникот едноставно не е добар. Многу тежок и мек. Со мали играчи не е толку лошо, но со тешките е како да се вози на летни гуми во зима, не е многу добро за спречување на несреќи. Не би сакал никој да биде надвор шест месеци поради лошиот тревник, изјави селекторот на Германија.
Натпреварот Германија – Швајцарија се игра вечер со почеток во 21 часот