Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку е дисквалификуван два натпревари на Евро 2024, објави сајтот на Албанската фудбалска федерација.

По натпреварот против хрватската репрезентација (2:2) во второто коло на групниот турнир на Евро 2024, Даку започна со навредливо скандирање (псовки) насочено кон Србите и Македонците.

Дваесет и шестгодишниот напаѓач нема да игра против Шпанија во третото коло и ќе го пропушти 1/8-финалето на турнирот доколку Албанија успее да се пласира од групата.

Воедно, и клубот Рубин Казан за кој настапува Даку најави казна за својот фудбалер



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2024 19:38