На Европското фудбалско првенство во Германија вечерва се одигра последното, трето коло во А-групата. Германија се спаси од пораз со Швајцарија, додека Унгарија со гол во 100.минута ја победи Шкотска и ги задржа шансите за плејоф.

Резултати: Швајцарија – Германија 1:1

Шкотска – Унгарија 0:1.

Германија со седум бодови заврши на првото место во групата А, Швајцарија со пет остана на втората позиција. Овие две селекции обезбедија учество во осминафиналето. Унгарија е трета со три бода и ќе се надева да биде помеѓу најдобрите четири третопласирани, додека Шкотска е последна со еден бод и за неа заврши ЕП.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2024 04:28