Германскиот весник „Билд“ објави интересен напис, каде секоја од 24-те екипи учеснички на ЕУРО ја прогласи за шампиони на Европа во необични категории.

Србија е најдобра во берење малини (15,8 кг годишно по жител), Данска по должина на годишен одмор (38 дена), а Хрватска по должина на живот со родители (мајка) - 32 години.

Германија е шампион во печатење и копирање, Англија по број на непушачи, Франција во кампување, Албанија во заштита на реките, Шкотска во кратки летови и Италија по казни за брзо возење.

Словачка произведува најмногу автомобили, Шпанците донираат најмногу органи, Португалците се најдобри во пиењето вино, а Украина произведува најмногу сончогледово масло...

Грузијците најрано стануваат родители, Чесите пијат најмногу пиво, а Швајцарците се најбогати со најголема просечна заработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2024 04:33