Дефанзивецот и капитен на Реал, Начо Фернандез го напушти тимот, пренесува прес-службата на мадридскиот клуб.

„Кралевите“ му се заблагодарија на 34-годишниот играч за одвоеното време во тимот и му посака понатамошни успеси.

- Реал Мадрид сака да ја изрази својата благодарност и наклонетост кон Начо, една од големите легенди на нашиот клуб. Сите навивачи на Реал чувствуваат голема гордост за еден од легендарните играчи во нашата историја. Нему и на целото негово семејство му посакуваме многу среќа во оваа нова фаза од неговиот живот, се вели во соопштението на клубот.

Претходно беше објавено дека по заминувањето на Начо, капитен на Реал ќе стане хрватскиот играч за врска Лука Модриќ, кој наскоро може да го продолжи договорот со тимот.

Начо потекнува од фудбалската школа на Реал Мадрид. Тој играше за сениорскиот тим на мадридскиот клуб од 2012 година. Има четири титули шампион на Шпанија, шест во Лигата на шампионите и пет од Светското клупско првенство.

Според пишувањата на медиумите во Шпанија, Начо Фернандез може да ја продолжи кариерата во американската МЛС или лигата на Саудиска Арабија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2024 19:34