Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг наскоро ќе потпише нов договор со клубот, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Според Романо, речиси е договорена нова соработка со 54-годишниот фудбалски стручњак. Оваа недела страните ќе влезат во завршна фаза од преговорите.
Тен Хаг е на чело на Манчестер Јунајтед од летото 2022 година.
Минатата сезона „Црвените ѓаволи“ завршија на осмото место во поредокот во Премиер лигата и го освоија ФА Купот.