Селекторот на француската репрезентација Дидие Д ешам не е разочаран од настапот на тимот на денешниот натпревар од 3. коло на групниот турнир на Евро 2024 со Полска (1:1).
По ова реми Франција ја препушти првата позиција на Автсрија која ја победи Холандија со 3:2.
- Нема разочарување. Целта беше првото место, за ова беше неопходно да се победи. Бидејќи не победивме, треба да го прифатиме тоа. Постапивме правилно, имавме шанси. Треба да го цениме сработеното. Тимот можеше да направи повеќе во однос на ефикасноста, и покрај неколкуте добри одбрани на гпротивничкиот голман, изјави Деша за „RMC Sport“.
Франција групата ја заврши со пет освоени бода на втората позиција. зс/
По три кола од групната фаза на Евро 2024, францускиот тим освои пет бода и го освои второто место во групата Д.