Селекторот на Италија, Лучијано Спалети му се извини на новинарот за неговата груба изјава.

На прес-конференцијата по ремито (1:1) со Хрватска во понеделникот, новинарот на Радио 24, Дарио Ричи, праша дали стартниот состав е резултат на договор меѓу селекторот и тимот.

Спалети беше огорчен на ова прашање и одговори: „Колку години имаш? 51? Имаш уште 14 години да се дојдеш до мојата возраст, јас имам 65 години“.

Ричи подоцна објави дека Спалети му се јавил и му се извинил.

Во решавањето на ситуацијата учествуваше претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2024 18:01