Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Фил Фоден, привремено го напуштил кампот на репрезентацијата на Англија во Германија, пишува локалниот печат.

Тој се врати во Велика Британија поради итни семејни проблеми, потврдија малку подоцна од ФА.

Фоден ги започна сите три натпревари на Англија досега на Евро 2024, но не успеа да импресионира и беше заменет против Словенија и Данска. Се очекува крилниот напаѓач да им се врати на соиграчите во наредните денови.

„Трите лава“ со пет бода и со само два постигнати гола го освоија првото место во групата „Ц“, а подоцна денеска ќе го дознаат противникот во осминафиналето



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2024 04:52