Грузискиот репрезентативен напаѓач Квича Кварацхелија, откако ја совлада Португалија (2:0) во натпреварот за ЕП 2024, истакна дека ова е најдобриот ден во животот на грузиските навивачи.
- Добив дрес од Роналдо. Се пласиравме во следната фаза. Ова е најдобриот ден во животот на грузиските фудбалски фанови. Напишавме историја - никој не веруваше дека ќе го направиме тоа. Никој не веруваше дека можеме да ја победиме Португалија, но во тоа е силна нашата репрезентација. Ако има дури и 1 процент шанса, можеме да ја реализираме. И ние тоа го докажавме, го цитира Квича прес-службата на УЕФА.
Во осминафиналето грузиската селекција ќе игра против селекцијата на Шпанија