Ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез ја одби понудата за трансфер во Саудиска Арабија, објави Скај Спортс. Менаџерот на Аргентинецот со официјално соопштение ја потврди информацијата.

-Лаутаро постигна договор со раководството на Интер да потпише нов договор. Тој е еден од лидерите на тимот. Тој е и капитен. Разговаравме за ситуацијата и тој нема желба да ја напушти Европа, изјави неговиот агент Алехандро Камандо.

Лаутаро за Интер игра од 2018 година. За гигантите од Милано има 282 натпревари и 129 гола. Два пати ја освоил Серија А и Купот на Италија, 3 пати Суперкупот, а играл по едно финале во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Напаѓачкиот играч е дел од репрезентацијата на Аргентина за Копа Америка, откако постигна по еден гол во победите над Канада (2:0) и Чиле (1:0) во групната фаза на натпреварувањето



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2024 02:25