Италијанскиот фудбалски прволигаш Аталанта се согласи да го ангажира Бен Годфри од Евертон, објави денеска новинарот Фабрицио Романо.
Според истиот извор, договорот ќе биде финализиран во текот на денешниот ден, а вредноста на трансферот ќе изнесува десет милиони фунти.
Англискиот тим е принуден да продаде дел од своите играчи за да го балансира буџетот и да избегне нови казни поврзани со прекршување на финансискиот ферплеј.
Изминатата сезона, Премиер лигата во два наврати го казни Евертон со одземање бодови поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј.
Годфри (26) пристигна во Гудисон Парк во 2020 година и за Евертон одигра 82 натпревари во сите конкуренции.
Претходно во кариерата настапуваше за Јорк Таун, Норич и Шрусбери.