Напаѓачот на репрезентацијата на Бразил, Винисиус Јуниор го критикуваше КОНМЕБОЛ (Јужноамериканска фудбалска конфедерација) по натпреварот со Парагвај (4:1) на Копа Америка. Ѕвездата на Селесао постигна два гола.
-Тешко е да се игра на овие стадиони поради квалитетот на терените и судиите кои се против нас - тие не судат очигледни фаули. Тешко е да се објасни начинот на кој КОНМЕБОЛ се однесува кон нас, рече Винисиус, цитиран од „Мадрид екстра“.
Бразилците собраа 4 бода и се на второто место во групата Д. Парагвајците се на последното место со 0 бодови.