Георги Мамардашвили е сензација на Европското фудбалско првенство во Германија, а според медиумите во Шпанија, Валенсија тешко дека ќе може да го задржи во својот состав за следната сезона.

Грузиецот пред континенталниот шампион беше многу посакуван од неколку клубови во Европа, но неговите солидни настапи не останаа незабележани. Според медиумите во Шпанија, уште пред почетокот на турнирот Њукасл испратил понуда за 23-годишниот голман.

Според Радио Марка, тоа сега го направил и Ливерпул. Раководството на „црвените“ во Мамардашвили гледа природна замена за Бразилецот Алисон. Вториот го бараат неколку клубови од Саудиска Арабија.

Засега, Ливерпул упатил само барање до Валенсија. Цената на Мамардашвили сепак започнува од 40 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2024 15:40