Јувентус и официјално го објави потписот на играчот од средниот ред на Астон Вила, Даглас Луиз.
Сумата на трансферот е 50 милиони евра, а „бјанконерите“ ќе ја платат на четири рати. Одделно се ставени бонуси во износ од 1,5 милиони евра.
Во правец на Бирмингем одат Самуел Ајлинг-Џуниор и Енцо Баренечеа. Според Фабрицио Романо, овие зделки се во вкупна вредност од 22 милиони и се одвоени од трансферот на Луиз.
Дваесет и шест-годишниот Бразилец минатата сезона постигна девет гола на 35 натпревари во Премиер лигата и беше важен за Астон Вила во пласманот во квалификациите за Лигата на шампионите.
Договорот на Луиз со Јувентус е на пет години. Во моментов со репрезентацијата на Бразил учествува на Копа Америка