Лондонски Тотенхем го комплетираше денеска трансферот на еден од најголемите англиски фудбалски таленти Арчи Греј од второлигашот Лидс, потпишувајќи со 18-годишниот играч за врска договор до 2030 година.

Клубовите не ги открија финансиските детали од договорот, но британските медиуми пренесуваат дека вредноста изнесува околу 40 милиони фунти.

Лидс соопшти дека Тотенхем ја исполнил откупната клаузула што беше активирана откако клубот од Јоркшир не успеа минатата сезона да се врати во Премиер лигата по испаѓањето во 2023 година. Арчи е дел од фудбалската династија Греј во Лидс за кој во минатото настапуваа татко Енди, дедото Френк и пра-вујкото Еди.

Своето сениорско деби Арчи Греј го имаше минатата сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2024 04:02