Германскиот репрезентативец Џамал Мусијала е импресиониран од квалитетите на младиот шпански фудбалер Ламин Јамал.
- Да се игра на ова ниво на 16 години е едноставно неверојатно! На 16 години ги немав потребните физички квалитети за да тренирам со професионалци, но тој е способен постојано да игра на ова ниво. Одлично е да се види ова!
Шпанија има многу вредни играчи за тимот кои создаваат опасност, било да е тоа Нико Вилијамс, Ламин Јамал, Педри... Сите тие се способни сами да го решат исходот на натпреварот.
Но, имаме и ние силни играчи, затоа веруваме во себе, изјави германскиот играч за врска пред четвртфиналниот натпревар со Шпанците.
Натпреварот Шпанија – Германија од четвртфиналето на Евро 2024 е закажан за утре во 18 часот во Штутгарт.