Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, ќе може да смета на сите играчи на располагање за петочното четвртфинале на ЕП 2024 против Шпанија. Дефанзивецот Јонатан Та се врати од суспензија и сите останати играчи на Германија се фит, давајќи му на тренерот целосен состав за избор.
Сите 26 играчи учествуваа на последниот тренинг во базата Херцогенаурах во четвртокот пред краткото патување во Штутгарт, каде ќе се игра натпреварот.
Додека Нагелсман ги има на располагање сите играчи, тој повеќе или помалку се потпира на истите стартни 11 на домашниот турнир. Та ќе се врати во центарот на одбраната покрај Антонио Рудигер, откако ја пропушти победата од 2:0 над Данска во осминафиналето, каде што беше заменет со Нико Шлотербак.
Германија ја нема победено Шпанија на големо првенство од 1988 година и ги загуби двете претходни две средби - финалето на Евро 2008 и полуфиналето на Светското првенство 2010 година.
Последната победа дојде кога нацијата последен пат беше домаќин на ЕП пред 36 години и напаѓачот Џамал Мусијала се надева дека тимот ќе може повторно да го направи тоа во петок.
-Ќе направиме се за земјата, за стручниот штаб, за сите, за да ја освоиме титулата. Ова е нашата мотивација, изјави тој за ТВ Скај.