Англискиот фудбалски репрезентативец Џуд Белингем избегна суспензија поради непримерно однесување за време на прославата на голот против Словачка во осминафиналето на Европското првенство и ќе може да игра против Швајцарија во четвртфиналето.

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска соопшти дека Белингем е суспендиран еден натпревар „но дека суспензијата е условна и не се применува веднаш“.

Англискиот репрезентативец ќе треба да плати казна од 30.000 евра.

Англија утре во четвртфиналето на Европското првенство игра против Швајцарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2024 18:53