Кристијано Роналдо е обвинет за потенцијално скриено рекламирање поради кое може да биде казнет од УЕФА. По натпреварот против Словенија протекоа информации за пулсот на португалската ѕвезда при изведувањето пенали.
Компанијата чиј уред го носел Роналдо за време на натпреварот излезе со детални информации и тоа може да му направи проблем на играчот.
Роналдо во моментов е обвинет за „скриено рекламирање“ и може да биде казнет од УЕФА доколку се почитуваат принципите од минатото.
-Кристијано и WHOOP прават скриена реклама. Играчот и компанијата мора да бидат казнети бидејќи тоа што го прават е незаконски, изјави Рикардо Форт, бизнисмен и поранешен шеф на глобалното спонзорство за неколку големи компании.
УЕФА пред 12 години го казни Никлас Бендтнер со 80.000 евра за идентичен прекршок. Во 2012 година постигна гол на ЕП, го крена дресот и покажа бренд долна облека