Шпанија го расплака домаќинот Германија во огромна драма која траеше 126 минути за да се пласира во полуфиналето на ЕП 2024.

Двата тима одиграа многу изедначено прво полувреме, во кое Шпанците ја контролираа топката повеќе од противникот, но според официјалната статистика силите во овој поглед беа изедначени. Пред двата гола недостигаа чисти шанси, а двајцата голмани мораа да одбиваат прелесни за нивните стандарди удари.

Само шест минути по рестартот, „Фуријата“ го отвори резултатот по контра напад. Ламин Јамал нафрли од десната страна, а Дани Олмо шутираше од движење по земја не оставајќи никакви шанси за Нојер.

Во 77. минута Никлас Фуелкруг ја погоди десната статива, но Германија израмни дури во 89. минута. Флоријан Вирц стана херој, постигнувајќи погодок со помош на левата статива.

Натпреварот отиде во продолженија, а на почетокот на второто, Бундестимот со право имаше претензии за пенал поради играње со рака на Кукуреја во пеналткот, но судијата Тејлор молчеше.

Така дојде 119. минута во која Мерино го постигна победничкиот гол за Шпанците.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2024 04:30