Капитенот на холандската фудбалска репрезентација Вирџил ван Дијк ги пофали своите соиграчи за нивната смиреност и пресвртот со кој синоќа ја совладаа Турција со 2-1 во четвртфиналето на Европското првенство.

„Ние сме во полуфинале. Тоа е многу важно и многу убаво пред таква публика. Знаевме дека ќе има многу Турци на стадионот, но јас сум горд на овие момци кои се справија со притисокот. Сега сме на еден чекор поблиску до целта“, рече Ван Дајк.

Холандија до триумфот над Турција дојде со пресврт во второто полувреме и в среда во полуфиналето ќе игра против Англија.

Вториот финалист ќе го даде победникот од дуелот меѓу Франција и Шпанија



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2024 12:50