Се чини дека Хари Кејн не ги оправдува очекувањата во однос на головите и асистенциите на актуелното Европско првенство, но тоа не значи дека не е вреден за репрезентацијата на Англија. Капитенот има два гола на своето конто и на многу од изминатите натпревари остави впечаток како да се губи себеси во играта.

Сепак, статистиката на „Опта“ покажува колку „валкана работа“ извршува. Излегува дека Кејн е фудбалерот на ова првенство кој најчесто ги притискал противничките фудбалери - дури 503 пати на пет меча досега.

326 негови акции се во противничката половина, 256 се во средната третина од теренот, а 187 се од последната третина, која го опфаќа противничкиот шеснаесетник и просторот пред него. Тоа е јасен доказ дека напаѓачот на Баерн ги става играчите на противникот под притисок штом ја внесат топката во игра од аут, а потоа ја носат напред по теренот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2024 17:55