Милан активно бара нов напаѓач. Мета на италијанскиот клуб е капитенот на Шпанија Алваро Мората, пренесува весникот „Ла Газета дело Спорт“.

Потсетуваме, „росонерите“ се разделија со Французинот Оливие Жиру и бараат некој да го замени во нападот.

Џошуа Зиркзе се сметаше за можна замена за Жиру, но тој го претпочита Манчестер Јунајтед. Милан беше заинтересиран и за белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, но тој самиот неодамна објави дека е желен да игра во Наполи под водство на Антонио Конте.

Така, Мората станува главна цел. Сепак, „росонерите“ ќе преговараат со него дури по Европското првенство.

Мората има големо искуство во Италија, играјќи за Јувентус во две периоди и остави одличен впечаток.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2024 18:02