Давид де Хеа има 33 години и нема клуб од минатата пролет, но не се повлече од фудбалот, бидејќи смета дека се уште може да брани на високо ниво. За почеток, тој може да продолжи да го прави тоа во Саудиска Арабија, каде што добил две понуди.

Едната е испратена од Ал Шабаб, додека европските медиуми се уште не откриваат кој клуб е зад другата, но одредени извори велат дека Шпанецот сериозно ги земал во предвид. Иако се уште сака да остане во Европа.

Навистина, се надеваше дека ќе ги има и дека ќе бидат доволно атрактивни по неговото заминување од Манчестер Јунајтед, но славната „единица“ на „црвените ѓаволи“ и поранешен член на Атлетико Мадрид не можеше да најде златна средина за себе.

Де Хеа освои осум различни трофеи со гигантот од „Олд Трафорд“, чувајќи го просторот меѓу стативите и двапати беше прогласен за Најдобар голман во Премиер лигата, но очигледно не е ценет како порано.

Генерално, еден од најдобрите голмани во последнава деценија веќе една година не е во натпреварувачки фудбал. Сепак, дали поканите од новата фудбалска Мека, каде што многу ѕвезди на европскиот фудбал беа „примамени“ од баснословно силни договори, ќе го смента тоа, останува да видиме.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2024 18:10