Селекторот на Франција, Дидие Дешамп прилично остро ги коментираше обвинувањата на сметка на неговите репрезентативци дека играат досаден фудбал.

Светскиот шампион со „петлите“, и како играч и како тренер, рече дека на оние на кои им е досадно, можат да го сменат каналот. За останатите објасни дека сака да ги споделат емоциите на тимот и да им донесат радост.

Утре во 21:00 часот по наше време, Франција ќе ја одигра првата полуфинална пресметка против Шпанија на ЕП 2024

-Ако ви е досадно, гледајте нешто друго! Ништо не е задолжително! Ова е посебно Европско првенство, за сите е многу тешко. Бројот на голови е многу помал од очекуваното и од она што можеше да биде. Сепак, имаме можност да споделиме емоции, да ги израдуваме Французите со резултатите што ги постигнуваме во овој тежок период за мене, беше малку груб Дешамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2024 04:19