Жоао Палиња ги помина лекарските прегледи во Баерн Минхен и наскоро ќе го финализира трансферот во германскиот клуб, пренесе „Скај Спортс“. Португалскиот интернационалец ќе потпише договор со Баварците до летото 2028 година, со опција за продолжување на уште една сезона.
Клубот од Минхен за правата на 28-годишниот играч за врска ќе плати 51 милион евра. Сумата може да се зголеми за дополнителни пет милиони, под услов да се исполнат одредени услови.
Палиња досега настапуваше за Фулам, а претходно за Спортинг Лисабон, Белененсес, Брага и Мореиренсе.
Фудбалерот од средниот ред веќе се разделил со поранешните соиграчи во Фулам, пренесуваат британските медиуми.
Жоао Палиња беше дел од репрезентацијата на Португалија која испадна во четвртфиналето на Евро 2024 со поразот од Франција на пенали