Арсенал и Манчестер Јунајтед се на готовс откако Марк Гехи нема да го продолжи договорот со Кристал Палас, пренесе „Сан“. 23-годишниот централен бек стана клучен играч за Англија на УЕФА ЕУРО 2024 година и неговите одлични игри не останаа незабележани од најдобрите тимови на Островот.

Кристал Палас се надеваше дека ќе го задржи Гехи барем уште една сезона, откако веќе го продаде Михаел Олисе на Баерн Минхен. Другата ѕвезда на „орлите“, Еберечи Езе, кој исто така е со „трите лава“ на Европското првенство, има ослободителна клаузула од 60 милиони фунти, која Тотенхем и Манчестер Сити се подготвени да ја платат.

Гехи, кој ги започна првите четири натпревари на Англија на УЕФА ЕУРО 2024 година, но беше суспендиран за четвртфиналето против Швајцарија, има уште две години од неговиот актуелен договор со Палас. Но, доколку „орлите“ не успеат да го убедат да потпише повторно, би можеле да бидат принудени да го продадат ова лето, а Арсенал и Манчестер Јунајтед се сметаат за главни кандидати за неговиот потпис.

„Трансфермаркт“ го цени Гехи на 38 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2024 17:32