Репрезентацијата на Аргентина ноќеска ја победи селекцијата на Канада со 2:0 во полуфиналето на Купот на Америка.

Средбата се одржа на стадионот „Медоулендс“ во Ист Радерфорд (САД).

Во 22. минута Јулијан Алварез го отвори резултатот. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. На почетокот на вториот дел Лионел Меси го удвои водството на Аргентинците и го постави конечниот резултат.

Вториот финалист ќе биде одреден по натпреварот меѓу репрезентациите на Уругвај и на Колумбија (почеток 2 часот по полноќ).

Финалето ќе се игра на 15 јули во Мајами.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2024 15:23