Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн искажа пофални зборови за холандскиот дефанзивец Вирџил ван Дајк во пресрет на нивниот дуел во полуфиналето на Евро 2024.
- Со текот на годините во Саутемптон и Ливерпул одигравме многу големи натпревари и имавме добри средби. Некогаш тој ја добиваше битката, некогаш јас. Ќе биде тежок натпревар. Ќе се подготвам да му ги отежнам работите, а тој ќе го направи истото за мене. Сакам да играм против најдобрите играчи во светот, изјави Кејн, за „Sky Sports“.
Натпреварот меѓу репрезентациите на Холандија и Англија во полуфиналето на Европското првенство ќе се одигра вечер во Дортмунд со почеток во 21 часот.
Прв финалист е репрезентацијата на Шпанија која синоќа ја совлада Франција со 2:1