Французинот Франсоа Летексие е назначен за главен судија на финалниот натпревар на Европското фудбалско првенство 2024 меѓу Шпанија и Англија, објави официјалниот сајт на УЕФА.

Помошници на Летексие ќе му бидат сонародниците Сирил Муние и Мехди Рахмуни. Резервен судија - Шимон Марчинијак (Полска).

Средбата ќе се одржи на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин и ќе започне во 21 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2024 18:37