Челниците на Фудбалската федерација на Соединетите Американски Држави официјално објавија дека 50-годишниот Грег Берхалтер веќе не е селектор на американската репрезентација.

Прекинот на соработката доаѓа по бледиот настап на првенството Копа Америка, на кое САД се домаќини. Американската репрезентација имаше големи очекувања од ова натпреварување, но нејзиниот пат заврши веќе во групната фаза со една победа (2-0 против Боливија) и и два порази (1-2 од Панама и 0-1 од Уругвај).

Берхалтер прв пат стана селектор на САД во 2018 година и ја водеше репрезентацијата до 2022 година. Кога САД настапија на Светското првенство во 2022 година, Берхалтер стана првиот човек во историјата на американскиот фудбал со мундијалски настап како играч и тренер.

САД ќе бидат кодомаќини на Светското првенство 2026 заедно со Мексико и Канада



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2024 05:30